Тренерот на Феенорд Дик Адвокат постави еден необичен рекорд во холандското првенство. Тој е првиот стратег кој работел во пет разчични декади како тренер во Холандија. Кариерата на Адвокат започна пред крајот на 80-тите години на минатиот век, кога беше на чело на Харлем. Во 90-тите го водеше ПСВ Ајндховен, а на почетокот на 21 век беше на клупата на Ал Алкмар.
Во периодот од 2010 до 2019 повторно работеше во Холандија и тоа во ПСВ, Аз Алкмар, Спарта и Утрехт. Потоа застана на чело на Феенорд каде уште е на клупата, а со вчерашната победа од 3:1 против Херенвен, Адвокат на најдобар можен начин го прослави рекордот.