Димитриевски ги коментираше шпекулациите дека ќе оди во Севилја или Вилјареал

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, на 1 јули ќе стане слободен играч ако дотогаш не го продолжи договорот со Рајо Валјекано, па неколку клубови се интересираат за него.

Севилја и Вилјареал се спомнуваат како идни можни дестинации на Столе, а голманот вели дека и во минатото имало интерес за него, но останал во Мадрид.

„Нормално е што има интерес. Во изминатите години имаше многу разговори со други клубови, но на крај останував во Рајо и уште сум тука. Задоволен сум и среќен сум на Валјекас“ – вели Димитриевски.

- Оглас -

Најнови вести