Димитриевски ги собира понудите, Севилја и Вилјареал се главни опции, нудат повеќе од Рајо

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски има само уште шест месеци од договорот со Рајо Валјекано, а потоа ќе биде слободен играч. Во една таква ситуација, Димитриевски ќе може да си одбере нов клуб, а Рајо нема да добие ниту едно евро за неговото заминување.

Димитриевски сезонава брани одлично и е голманот со најмногу „суви мрежи“ во Примера дивисион. Токму оваа добра форма на Димитриевски ги загреа екипите на Севилја и Вилјареал да влезат во трка за потписот на Македонецот.

Додека стигнуваат понуди, Димитриевски уште е фокусиран на мечевите на Рајо, а секако доколку екипата од предкрадието на Мадрид не даде доволно добра понуда, голманот ќе го смени клупскиот дрес. Според последните информации, Севилја е подготовена да му даде годишна плата на Димитриевски од два милиони евра, што е многу повеќе од тоа што го добива со сегашниот договор.

- Оглас -

Најнови вести