Димитриевски и Рајо ја губат битката за Европа, со автогол поразени од Реал Сосједад (Видео)

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, и неговиот Рајо Ваљекано полека но сигурно ја губат битката за пласман во фудбалска Европа. Тие вечерва се поразени на гостувањето кај Реал Сосједад со 2-1, иако имаа водство од 0-1.

Иси Палацон во 57-та минута го донесе Рајо во водство од 0-1, но радоста на гостите траеше само две минути, бидејќи Александер Сорлот во 59-тата минута израмни на 1-1. Тоа беше и единствениот удар во рамки на голот кој го упатија домашните фудбалери.

Конечните 2-1 за Реал Сосједад ги постави одбранбениот фудбалер на Рајо Ваљекано, Флоријан Лежен, со автогол во 81-та минута.

Рајо Ваљекано со овој пораз останува на 9-тата позиција во шпанската Примера и веќе има заостанување од 7 бодови позади Виљареал во борбата за пласман во европските купови. На спротивната страна, Реал Сосједад цврсто ја чува четвртата позиција на табелата и сигурно гази кон пласман во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести