Димитриевски нема да брани против Малта!

Голем хендикеп за македонската репрезентација пред утрешниот меч против Малта. Првиот голман Столе Димитриевски поради болка во грбот, нема да биде во комбинација за настап против Малта на утрешниот натпревар.

Димитриевски се повреди по една интервенција на мечот со Италија, кога поради лошиот терен, незгодно падна и го повреди грбот. За среќа, Димитриевски „стегна заби“ и успеа да остане на теренот во сите 90 минути против Италија, но по дополнителните прегледи е потврдено дека нема да може да брани на утрешниот дуел.

Селекторот Благоја Милевски дополнителни го повика Давор Талевски во А селекцијата. Голманот на ФК Шкендија веќе пристигна во Малта и ќе биде на официјалниот тренинг (19:00 часот) заедно со тимот.

- Оглас -

Најнови вести