Репрезентативниот голман на Македонија, Столе Димитриевски, конечно застана на голот на Валенсија, и тоа во убедливата победа од 5:0 на гостински терен против Маракена, во 1/64-финалето на Купот на Шпанија.
Валенсија беше голем фаворит против ривалот кој игра во четвртата лига во Шпанија, а интересно е дека во првото полувреме, резултатот беше 0:0. Валенсија во вториот дел го скрши отпорот на домашниот тим и со пет погодоци не дозволи никакво изненадување.

Димитриевски бранеше за Валенсија за првпат по речиси девет месец пост. Тој немаше брането од 6 февруари, кога на домашен терен со 0:5 загуби од Барселона, исто така во меч од Купот на Шпанија.

