Македонскиот национален голман Столе Димитриевски на најдобар можен начин го најави доаѓањето за репрезентативните обврски, откако синоќа со својата Валенсија победи со 2:0 на гостувањето кај Севилја, во меч од шпанското пренство.
Со оваа победа Валенсија се посигурно бега од опасната зона. Димитриевски беше еден од главните играчи во победата на гостите. Во рамките на неговиот гол беа упатени два удари и двата беа одбранети. Димитриевски имаше одлични проценки и на високите топки и беше максимално сигурен да ја расчисти секоја опасност пред неговиот гол.
Едем од главните моменти на мечот беше кога Димитриевски имаше супер атрактивна одбрана. Кон неговиот гол беше упатен силен шут од преку 20 метри, а топката одеше во самиот агол. Сепак, Димитриевски со атрактивна одбрана успеа да одбрани, па не случајно на крајот за својот настап доби оценка 7,7. Тоа беше втората највисока оценка, веднаш зад Рамазани кој даде еден од двата погодоци и беше најдобро оценет со 7,8.
Ова е најдобрата одбрана на Димитриевски сезонава, која сигурно беше една од клучните за победата на Валенсија на теренот на Севилја.
✈️ @Dimitrievski1 #LaLigaHighlights#SevillaValencia
— Valencia CF (@valenciacf) March 21, 2026

