Димитриевски со победа без примен гол прослави 100 меча во шпанската Примера

Лас Палмас – Рајо Валјекано 0-1 во меч од шпанското првенство, а најголема заслуга што гостите не примија гол на средбата има кај македонскиот голман Столе Димитриевски, кој му одбрани пенал на Мунир Ел Хадади во првото полувреме.

Победничкиот гол за Рајо падна во 91-ва минута од пенал, реализатор беше Бебе.

Инаку, за Столе ова беше јубилеен 100-ти настап на меч од шпанската Примера (99 за Рајо и еден за Гранада). Од играчите родени во Македонија, повеќе од него имаат само Енис Барди (148) и Србинот Вељко Пауновиќ (141) кој е роден струмичанец.

Димитриевски влезе во историјата на Рајо како прв голман со четири одбранети пенали во прволигашка конкуренција, а интересно е дека Столе денеска бранеше во дрес на кој го немаше логото на Рајо Валјекано, но тоа не беше пречка да ги покаже своите квалитети.

https://twitter.com/i/status/1716073116001087678

- Оглас -

Најнови вести