Димитриевски треба да спречи катастрофа против Барселона

Голманот на македонската фудбалска репрезентација Столе Димитриевски денеска ќе има вистински предизвик на клупски план. Со својот Рајо Вајекано попладнево од 18:30 часот ќе гостува на „Камп Ноу“ против Барселона, во рамките од 27. коло на Примера дивисион.

Мадридскиот тим има кошмари кога треба да игра против Барселона. Статистиката е застрашувачка, а Рајо треба да биде среќен ако денеска избегне дебакл против актуелниот шампион. Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде најави дека неговиот тим ќе игра во најсилен состав и дека воопшто нема да го потцени противникот, што е уште еден знак повеќе дека гостите треба да се плашат.

Барселона доминира на последните 11 меча против Рајо Вајекано. Каталонците не само што победуваат, туку тоа го прават и на многу убедлив начин. Во овој период на меѓусебни дуели, Барселона има постигнато вкупно 50 голови, што значи дека во просек дава по речиси пет гола на меч против Рајо Вајекано. Во истиот период Рајо даде само седум погодоци. Во дел од мечевите Барселона победуваше со 7:0, 6:0, 6:1, 5:2, 5:1…

На голот на Рајо Вајекано ќе биде Димитриевски, кој ќе има задача да биде под овој висок просек на голови што Барселона ги дава против мадриѓани. За Рајо овој меч е во многу лош период бидејќи тимот е во криза и загуби на последните пет меча во Примера, додека Барселона во исто време успеа два пати да го победи Реал Мадрид на гости.

Лионел Меси и Луис Суарес ќе го предводат нападот на Барселона, па доколку мислите дека голеадата може да продолжи, во спортските обложувалниците на Sport Life може да одиграте дека ќе има шест или седум погодоци, но и многу други комбинации за обложување.

Ова се веројатните состави за мечот на „Камп Ноу“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести