Димитриевски вечерва е кралот на „Сантијаго Бенабеу“, со неверојатни одбрани не дозволи Реал да победи

Голманот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски, е најзаслужен што неговиот тим Рајо Ваљекано остана непоразен на „Сантијаго Бернабеу“ играјќи 0:0 против Реал Мадрид.

Ова беше петти натпревар сезонава во Ла Лига на кој Димитриевски зачува мрежата недопрена.

Мечот заврши без победник, а Димитриевски имаше пет директни шутеви во неговиот гол и уште неколку одлични интервенции. Посебно импресивна беше неговата одбрана во шестата минута. Феде Валверде им украде топка на дефанзивците на Рајо и излезе сам пред Димитриевски, но Македонецот со фантастична одбрана успеа да ја зачува мрежата недопрена.

Во првото полувреме, Димитриевски имаше уште една интервенција со која спречи сигурен гол. Во 39-та минута, Хоселу шутираше од непосредна близина, но Димитриевски успеа да го одбрани и неговиот удар.

Во второто полувреме, Димитриевски имаше уште неколку одлични интервенции и ја зачува сопствената мрежа недопрена. Кралевите постигнаа гол преку Винисиус жуниор, но беше поништен поради офсајд.

Со ремито, Реал падна на второто место на табелата со 29 бода, два помалку од Жирона, додека Рао Ваљекано е на делба на осмата позиција со 18 освоени бодови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести