Димитриевски вторпат сезонава е најдобар голман во тековното коло во Примера

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски имаше уште еден блескав меч во дресот на Рајо Ваљекано. На гостувањето кај Лас Палмас, Рајо Ваљекано победи со 1:0, а Димитриевски беше несовладлив на голот на гостите, па дури успеа да одбрани и пенал.

Некогашниот бисер на Барселона, Мунир Ел Хадади шутираше пенал во 34-тата минута, а Димитриевски го одбрани неговиот удар. До крајот на мечот, Столе имаше вкупно шест одбранети шутеви коишто одеа директно кон неговиот гол, плус уште 10-тина одлични интеревенции. Во 90+1 минута, пенал беше досуден и за Рајо, а Бебе победи за триумф од 1:0.

Со одбраните против Лас Палмас, Димитриевски доби одлична оценка од 8.85 и заслужено го доби приматот за најдобар голман во Примера дивисион за десеттото коло. Ова е вторпат сезоната Димитриевски да биде избран за најдобар голман во колото, откако беше во идеалниот тим и во првото коло сезонава.

Според оценките кои ги добија идеалните 11-мина фудбалери за ова коло, единствено Антоан Гриезман има поголема оценка од Димитриевски. Мечот против Лас Палмас беше јубилеен 100-ти дуел на македонскиот голман во шпанската Примера дивисион.

- Оглас -

Најнови вести