Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, повторно одигра одличен натпревар за Уникс Казањ во полуфиналната серија од ВТБ лигата против Зенит, иако неговиот тим загуби.
Во шестиот натпревар од серијата, Зенит славеше со 82:80 и се избори за мајсторка која ќе се игра во Казањ.
Уникс можеше да слави во шестиот меч бидејќи во последниот напад имаше два неуспешни обиди преку Лабери и Димитријевиќ за тројка при резултат 81:80 за Зенит кој победата ја завери преку слободното фрлање на Топоров на една секунда до крајот.
Димитријевиќ постигна 23 поени за Уникс на кои им придодаде и шест скокови и четири асистенции, додека Рејнолд постигна 20 поени. Кај Зенит, најдобри беа Хоумсли со 16 постигнати поени, и Торопов со 15 поени.