Македонскиот репрезентативен плејмејкер Ненад Димитријевиќ имаше 10 поени за 26 минути игра во каталонското дерби помеѓу Хувентуд и Барселона, со кое почна завршницата во шпанската лига. Шпанското првенство се игра во Валенсија без публика, а 12-те екипи се поделени во две групи по шест тима (двете најдобри од секоја група одат во полуфинале).
Барса го совлада соседот од Барселона со 96-92 во меч на кој Димитријевиќ во поразениот тим придонесе со 10 поени и 4 асистенции, но имаше и седум загубени топки. За Димитријевиќ играњето во салата во Валенсија може да му биде подобро запознавање со објектот во кој во следната сезона ќе игра како домашен кошаркар.
Следниот меч за Хувентуд е задутре против Билбао.