Ненад Димитријевиќ имаше „дабл-дабл“ ефект во победата на Баерн Минхен на гостувањето кај Виртус Болоња. „Баварците“ славеа со 80-85 на гостувањето кај Болоња во меч кој немаше резултатско значење за ниту една од екипите.
Нашиот кошаркар го заврши мечот со 11 поени, но и со три скока и 10 асистенции.
Баерн Минхен има заостанување од три победи од десеттото место, а до крајот на регуларниот дел во Евролигата треба да одигра уште два меча.
Црвена ѕвезда дојде до победа од 94-81 пред својата публика против Париз и дојде на чекор од пласман во разигрувањето. „Црвено-белите“ имаат шанси за влез и во топ-6, но лесно може да се случи и да испаднат и од топ-10, па затоа ќе мора да одиграат на победа и против Лион и Реал Мадрид на последните два меча.

