Димитров е лесен плен за Надал во Акапулко – Шпанецот оди по хет-трик против Фриц

Рафаел Надал лесно го победи Григор Димитров со 6:3, 6:2 за еден час и 44 минути во полуфиналето на АТП турнирот во Акапулко и ќе оди на хет-трик во финалниот меч против Тејлор Фриц.

Во првото полуфинале американскиот дуел го доби Фриц против Џон Иснер со 2:6, 7:5, 6:3 по голема битка. За Фриц ова ќе биде нова шанса да ја освои својата прва АТП титула.

За разлика од него Надал веќе го има освојувано Акапулко и тоа двапати, во 2005 и во 2013 година, а еднаш загуби меч за титула во монденското одморалиште во Мексико. Во 2017 година беше поразен од Сем Квери во меч за титулата.

Финалето ќе се игра ноќеска од 4 часот и Надал има шанса со победа и трет пехар да биде третиот најуспешен тенисер во историјата на турнирот, зад Томас Мустер и Давид Ферер, кои имаат по 4 титули.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести