Григор Димитров беше на прагот на тениско чудо во второто коло на АТП-турнирот во Синсинати, но сепак Стен Вавринка не дозволи тениска бајка.
Бугарскиот тенисер губеше со 1:5 во гемови во третиот решавачки сет и беше пред сигурен пораз, но не се предаде. Најпрво на свој сервис намали на 2:5, потоа направи брејк и со одлична игра го потврди брејкот за 4:5. И при таков резултат, Вавринка беше пред победа бидејќи имаше сервис за пласман понатаму, но бугарскиот тенисер беше во налет и пак направи брејк за 5:5.
Чудото беше на прагот, но повторно Димитров се најде на работ на елиминација бидејќи противникот поведе со 6:5. Во неверојатна завршница се случи уште еден брејк, а Григор израмни на 6:6 и се играше тај-брејк.
И тука почетокот му припадна на Вавринка, кој поведе со 4:0 во поени и повторно му се случи пад, а во игра се врати бугарскиот тенисер со 3 поени по ред. Клучен момент за победа на Швајцарецот беше поенот за предност од 5:3 и потоа конечно Вавринка го спроведе мечот сигурно во негова полза за победа од 7:4 на поени во тај-брејкот од третиот сет.
За пласман во полуфиналето Швајцарецот ќе игра против Андреј Рубљев.