9.8 C
Skopje
среда, 11 февруари 2026

Ѓоковиќ со порака до своите навивачи: Ја чувствувам вашата поддршка, се надевам ве израдував!

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Австралијан опен, каде што ќе игра против Карлос Алкараз за својата 11-та титула на Австралија Опен в недела од 9.30 часот.

Тој добил огромен број пораки со честитки, ова е негово прво гренслем финале по Вимблдон 2024 година.

„Ви благодарам за поддршката, неколку пати во текот на натпреварот размислував за луѓето од Србија и регионот, дали гледаат. Ја почувствував таа сила, некако го почувствував нивното присуство, барем покрај малите екрани и поддршката што ми ја испраќаа. Временски беше идеално за нив, можеби помалку за мене, завршив во два часот наутро, но идеално беше за нив во Европа“, изјави Ѓоковиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести