Навивачите на Динамо Дрезден со бројно присуство на трибините за време на тренинг им дадоа поддршка на фудбалерите во пресрет на утрешниот меч со Карлсруе од популарната Цвајта, втората германска лига. Динамо е последен на табелата, се наоѓа во тешка ситуација на 17 кола до крајот, па затоа фановите сакаат да покажат заедништво со играчите и сепак да им дадат голема поддршка.
Околу 4.000 фанови дојдоа на тренингот, палеа факли и истакнаа транспарент на којшто пишуваше „Ние, заедно, сега“.
https://twitter.com/i/status/1221852980078575617