Динамо и АЕК ќе одиграат тврд меч, голови се очекуваат во Швајцарија и Австрија (Фото)

6852 – Сервет – Глазгов ренџерс (20:30)

Екипата на Глазгов ренџерс со предност од 2-1 патува на денешниот дуел во Швајцарија, но повторно ја има фаворитската улога. Двете екипи сакаат да играат напаѓачки фудбал и ефикасно, па очекувањата се дека и денес ќе се затресат двете мрежи, но Шкотите ќе бидат тие кои ќе минат во следната фаза.

Предлог тип: Х2 & ГГ (2.15)

 

6842 – Галатасарај – Олимпија Љ. (20:00)

Шампионот на Турција, Галатасарај, уште на првиот натпревар си го обезбеди пласманот во плејофот од Лигата на шампионите, но Турците и денес ќе покажат дека се поквалитетна екипа од љубљанска Олимпија и со нова победа ќе дојдат само на чекор од групната фаза на најквалитетното клупско натпреварување.

Предлог тип: 1 & 3-6 (1.92)

 

6708 – Динамо Загреб – АЕК (20:00)

Најконтроверзниот меч од квалификациите ќе го одиграат Динамо Загреб и АЕК Атина. За разлика од другите натпревари, ова ќе биде прв меч бидејќи оној кој минатата недела требаше да се одигра во Атина беше одложен поради нередите на навивачите и убиството на навивачот на АЕК. Шампионот на Хрватска влегува како фаворит, но се очекува да гледаме тврд натпревар без многу голови.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.95)

 

6843 – Штурм Грац – ПСВ (20:30)

ПСВ Ајдховен со предност од 4-1 ќе му се спротивстави на Штурм Грац на негов терен и треба само рутински да одработи за да се пласира во следната рунда. Очекуваме повторно ефикасен меч и голови во двете мрежи, односно „гол-гол“.

Предлог тип: ГГ прво / второ (1.92)

 

6841 ТСЦ Бачка Топола – Брага (20:00)

Португалскиот претставник во Лигата на шампионите, екипата на Брага, со високи 3-0 од првиот меч допатува во Србија на реваншот против ТСЦ Бачка Топола. Португалците и денес се фаворити, а претставникот на Србија шансата за успех во Европа ќе мора да ја бара во Лигата на Европа или Конференциската лига.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (1.77)

- Оглас -

Најнови вести