25.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Динамо ќе ја скроти полската Легија, Глазгов Ренџерс дочека реванш против Малме по десет години

6044 Шериф – Црвена Ѕвезда (Квалификации за ЛШ, 19 часот)

Црвена Ѕвезда очекуваше лесна задача на „Маракана“ во Белград, но гостите од Молдавија си заминаа непоразени и сега имаат можност на свој терен во Тираспол да го елиминираат поранешниот европски првак.

Клучен момент на првиот дуел беше исклучувањето на Канга во 58. минута, при резултат 1:1, по што стивнаа нападите на Црвена Ѕвезда во обид да се обезбеди макар и минимална предност за реваншот.

Црвена Ѕвезда останува фаворит за пласман во финалето во квалификациите за настап во Лигата на шампионите, имаат подобар тим и искуство со настапи во фаза по групи во елитната европска лига.

Шериф четирипати играше во Европа Лигата, но ниту еднаш досега не успеа да се пробие до Лигата на шампионите. Можно е двете ркипи да играат попретпазливо, бидејќи влогот е голем, па ќе типуваме 2-3 гола на реваншот во Тираспол.

Предлог тип: 2-3 гола (2.01)

 

1611 Славија Прага – Ференцварош (Квалификации за ЛШ, 19 часот)

Славија е вториот најстар клуб што игра во квалификациите за Лигата на шампионите, зад Глазгов Ренџерс и има традиција од неверојатни 129 години постоење, а тука некаде е и унгарскиот гигант Ференцварош со 122 годишна традиција.

Популарниот Фради има убава предност од 2:0 по првиот меч и е поблиску до финалето за пласман во ЛШ. Славија игра по седми пат во квалификации за ЛШ, а досега двапати успеваше да стаса до фазата по групи.

Во сезоната 2007/08 го елиминираа холандскиот гигант Ајакс, а преклани беа подобри од Клуж. Двапати во ЛШ играше и Ференцварош, првпат во 1995/96 и лани, па ова ќе може да биде трета среќа и за двете екипи, се разбира ако минат вечерва и потоа бидат подобри од Клуж, или Јанг Бојс.

Интересно е што пред овие два дуели, Славија и Ференцварош имаат одиграно 8 меѓусебни дуели во Митропа купот во периодот од 1930 до 1938 година.

Клубот од Прага е голем фаворит во реваншот и типуваме дека ќе успее да го победи унгарскиот првак.

Предлог тип: 1 (1.60) Супер тип на Sport Life

 

6702 Шахтар – Генк (Квалификации за ЛШ, 19.30 часот)

Шахтар е редовен учесник во Лигата на шампионите и има многу поголемо искуство од ривалот од Белгија. Генк играше трипати во фаза по групи во ЛШ, но ќе има тешка задача да ја анулира негативата од 1:2 од првиот меч што го играше на свој терен.

Украинскиот првак доминираше на „Луминус“ арена во Генк и со два гола во второто полувреме направи пресврт за победа.

Шахтар е скап интернационален состав со многу квалитетни играчи, а одлично од клупата ги предводи италијанскиот стратег Роберто Де Зерби.

Домаќините имаат подобра екипа од Генк, го покажаа тоа и на првиот меч, па ќе типуваме дека пак ќе победат.

Предлог тип: 1 (2.00)

 

6708 Легија – Динамо Загреб (Квалификации за ЛШ, 21 часот)

Реваншот во Варшава ќе биде со многу интензитет, по инцидентите во Загреб кога навивачите на Динамо ги „истепаа“ симпатизерите на Легија во Дубрава.

Има најави за реванш, а кога се во прашање полските и хрватските навивачи јасно е дека може да има нови инциденти. Сето тоа ја подгреа атмосферата до максимум, па и фудбалскиот меч може да биде со голем набој.

Легија има одличен резултат од првиот меч, одиграа 1:1 на „Максимир“, но и во реваншот Динамо е фаворит и според коефициентите.

Популарните Модри имаат проблем со неиграњето на капитенот Аријан Адеми, кој не настапи на првиот меч, а неизвесно е дали ќе може да игра и во реваншот.

Вториот македонски репрезентативец во Динамо, Стефан Ристовски го одигра целиот меч, па ќе биде адут за финале и во реваншот.

Загрепчани имаат искусен и квалитетен состав, со многу репрезентативци на Хрватска, но и на неколку други земји и ако одиграат на ниво на квалитетот што го имаат ќе ја елиминираат Легија. Гостите ќе мора посебно да внимаваат на Емрели и на Лукињас, офанзивен тандем на домаќините што е многу опасен.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.55)

 

6709 Глазгов Ренџерс – Малме (Квалификации за ЛШ, 21 часот)

Играњето на „Иброкс парк“ во Глазгов има посебен шмек поради шкотските навивачи и традицијата од 149 години на Ренџерс. Малме прими гол во 95. минута на првиот меч и прокоцка шанса да патува на реваншот со убава предност од 2:0.

Токму погодокот на Стивен Дејвис во последните моменти ќе им даде дополнителен елан на избраниците на Стивен Џерард да притиснат и да го елиминираат Малме.

Ренџерс се незгодни на домашен терен, ретко губат, а потврда е ланската титула во Шкотска освоена без пораз. Малме во истата оваа фаза пред десет години го елиминираше Глазгов Ренџерс и тоа со победа од 1:0 токму на „Иброкс парк“, но сега ќе типуваме дека ќе има реванш и дека шкотскито тим ќе мине понатаму.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.13)

 

- Оглас -

Најнови вести