Динамо ќе мора многу подобро во реваншот ако сака пласман во ЛШ (видео)

Динамо Загреб со минимални 1-0 го загуби гостувањето кај Бодо/Глимт во првиот дуел од плејофот за пласман во групната фаза во Лигата на шампионите. Модрите потклекнаа во Скандинавија и ќе мора многу подобро во реваншот доколку сакаат да го обезбедат своето место во европската елита.

Бодо ја контролигаше играта во поголемиот дел од средбата, беше поконкретен во обидите да дојде до голот за водство, кој конечно го дочека во 37-мата минута преку Пелегрино и неговото одлично забивање со глава.

Гостите од Загреб во вториот дел успеаја да ја затресат мрежата на домашниот голман, но офсајд-позицијата на Петковиќ го поништи голот. Адеми се најде во ситуација да се закани со удар со глава, но неговиот обид во 82-рата минута заврши во дирекот.

 

- Оглас -

Најнови вести