Губи Динамо на Адеми и Ристовски, губи и Трабзон на Барди (видео)

Динамо Загреб е во негатива од 1-0 по првите 45 минути на гостувањето кај Бодо Глимт, во првиот меч од плејофот за Лигата на шампионите.

Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски се стартери за Модрите, кои пак по голот на Пелегрино во 37-мата минута западнаа во проблеми. Динамо ќе мора поофанзивно во второто полувреме ако сака да извлече поволен резултат за реваншот на „Максимир“.

Голот за 1-0 можете да го видите ТУКА.

И Трабзонспор е во идентична ситуација, ќе мора да брка негатива од еден гол во вториот дел против Копенхаген. Кларсон уште во деветтата минута погоди за домаќините, а македонскиот репрезентативец и новото име на Трабзон, Енис Барди, чека шанса да дебитира од клупата за резерви.

Голот за 1-0 можете да го видите ТУКА.

Ренџерс и ПСВ се неразделни при резултат од 1-1 по првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести