Динамо киксираше, Риека утре со победа во Сплит ќе стане првак на Хрватска

Динамо Загреб можеби првпат во својата историја беше во улога на гостин на својот „Максимир“, и одигра само 1-1 против Локомотива во градското дерби. Стефан Ристовски остана на клупата за резерви, а Аријан Адеми е повреден.

Овој кикс може скашо да го чини Динамо во трката за титулата. Модрите веќе не зависат сами од себе, туку ќе им треба помош од најлутиот ривал Хајдук кој утре д 18.45 ја пречекува Риека.

Ако Риека утре победи на „Пољуд“, ќе ја освои титулата на едно коло до крај, а со реми ќе биде на чекор од тоа. Ако победи Хајдук, тогаш за титулата ќе се решава во последното коло во кое за трофејот ќе се борат дури три тима бидејќи така Хајдук би имал два бода помалку од Риека и Динамо.

Ова е голчиштето со кое Локосите го шокираа Динамо:

- Оглас -

Најнови вести