Динамо повторно гостува во Сплит, ПСЖ пред нова победа, ефикасно ќе биде во Италија, Англија и Португалија (Фото)

Пет интересни натпревари се дел од понудата во Квотите на денот на Sport Life. Квотите за петте натпревари се движат помеѓу 2.10 и 2.60, додека искомбинирани на еден тикет прават квота од 56.1.

Динамо Загреб вторпат само за пет дена ќе гостува во Сплит, но овојпат во натпревар од Купот на Хрватска. Очекувањата се дека двете екипи ќе постигнат барем по еден погодок, но дека голови ќе има во двете полувремиња. Доколу овие услови се исполнат, тогаш понудената квота од 2.60 ќе биде добитна.

Интересно се очекува да биде и на првиот полуфинален меч од Купот на Италија помеѓу Фиорентина и Аталанта. Квотата од 2.20 ќе биде добитна ако има победник на натпреварот, но и ако бидат постигнати помеѓу два и четири гола.

ПСЖ е апсолутен фаворит за пласман во финалето од Купот на Франција, но квотата од 2.20 ќе биде добитна ако Светците имаат водство на полувремето, а на крајот победат во натпревар на кој ќе бидат постигнати најмалку два погодоци.

Ефикасно се очекува да биде и во Премиер лигата, на дуелот помеѓу Манчестер сити и Астон вила. Понудената квота од 2.20 ќе биде добитна ако Граѓаните постигнат најмалку два гола, но и ако гостите баерм еднаш ја затресат мрежата на Манчестер сити.

Помеѓу еден и три гола во двете полувремиња се очекува да бидат постигнати на првиот полуфинален натпревар од Купот на Португалија помеѓу Гимараиш и Порто. Доколку тоа се случи, квотата од 2.10 ќе биде добитна.

- Оглас -

Најнови вести