Динамо „унаказен“ за дуелот во Лига на Европа, но уште е во улога на фаворит

Динамо Загреб е во големи проблеми пред утрешниот меч од третото коло во Лигата на Европа. Хрватскиот првак пријави вкупно деветмина фудбалери кои се заразени со корона-вирусот, а позитивен е и тренерот Зоран Мамиќ. Тоа што е најважно за Македонија е дека меѓу позитивните го нема нашиот репрезентативец Аријан Адеми, кој треба да биде предводник на Модрите утре на „Максимир“.

„Динамо ја известува јавноста дека кај петмина првотимци е констатирано присуство на вирусот и тие нема да настапат на мечот од третото коло во Лигата на Европа. Динамо има вкупно деветмина заразени играчи кои се дел од листата на УЕФА“, стои во официјалното соопштение од Динамо.

По првите две одиграни кола, Динамо е со две нерешени средби, а интересно е што нема ниту дадено, ниту примено ниеден погодок. Волфсбергер е лидер во групата откако во првото коло одигра 2:2 дома против ЦСКА Москва, а потоа на гости со 4:1 го растури Феенорд.

 

- Оглас -

Најнови вести