По поразот на Вардар од Шкендија со порака се јави и Миленко Неделковски (Фото)

Вардар го загуби дербито од Шкендија со 0:1 во Скопје, па сега се вжештува трката за титулата во домашното првенство. Вардар останува лидер со 52 бода, но сега има само еден повеќе од Шкендија, која е втора на табелата. Струга на третото место има 44 бода, па јасно е дека трката за титулата до крајот на првенството ќе биде меѓу Црвено-црните од Скопје и Црвено-црните од Тетово.

По мечот, тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, самоуверено искоментира дека Шкендија во Скопје допатувала да победи и на крајот тоа го оствари. Изјавата на Беќири може да ја прочитате ТУКА.

Од Вардар немаше реакција од тренерот Гоце Седлоски, а преку социјалните мрежи „се јави“ првиот човек на клубот, Миленко Неделковски. Тој постираше само една фотографија на која пишуваше „Ако сакате да победите, не смеете да изгубите“, со порака од резултатот 0:1.

- Оглас -

Најнови вести