Динамо Загреб остана без капитенот: Ливаковиќ замина во Фенербахче

Доминик Ливаковиќ, репрезентативниот голман на Хрватска, си заминува од Динамо Загреб. Фенербахче ќе биде неговиот нов клуб, а од турскиот клуб се пофалија со новото засилување.

„Нашиот клуб начелно постигна договор со Ливаковиќ и неговиот клуб Динамо Загреб за трансфер. Играчот уште денеска треба да дојде во Истанбул, да ги помине лекарските прегледи и потоа да биде преставен во новиот клуб и на навивачите“, стои во соопштението на Фенербахче.

Ливаковиќ во Динамо Загреб помина осум сезони, каде што се докажа како одличен голман и се избори да биде репрезентативен чувар на Хрватска. Тој блесна и на Светското првенство во Катар и беше еден од најзаслужните што Хрватска го освои третото место на Мундијалот во Катар. Ливаковиќ нема да брани вечерва на дуелот против Спарта Прага во плејофот за пласман во Лигата на Европа. Голот на Динамо треба да го брани Иван Невистиќ.

- Оглас -

Најнови вести