Динамо Загреб пред три месеца го донесе бесплатно, а сега ќе го продаде во Барселона за милионска сума

Динамо Загреб пред малку повеќе од три месеца бесплатно го ангажира 16-годишното португалско лево крило Кардосо Варела. Младиот фудбалер потекнува од академијата на Порто, од каде што си замина поради проблеми со раководството на клубот, па одлуката на неговите менаџери беше дека токму Динамо е најдоброто место за неговата кариера.

Само три месеца подоцна, со неговите игри за младинската екипа на загребските Модри, но и за репрезентацијата на Португалија до 17 години го привлече вниманието на Барселона, Манчестер сити и Борусија Дортмунд.

Сепак, предност имаат Каталонците бидејќи спортски директор е сонародникот на Варела, легендарниот Деко. Барселона доколку сака да го добие младиот Португалец, ќе мора да ја активира откупната клаузула која изнесува пет милиони евра, а тоа ќе значи одлична заработка за Динамо Загреб, кој не само што го донесе фудбалерот бесплатно, туку беше нивен член само три месеца.

- Оглас -

Најнови вести