17.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Динамо Загреб продаде дефанзивец за 19 милиони евра во Бундеслигата

Еден од најталентираните одбранбени играчи во Хрватска, Јошко Гвардиол, ги договори сите услови со германскиот бундеслигаш Лајпциг. Гвардиол доаѓа од тимот на Динамо Загреб, кој се очекува од овој трансфер да заработи 19 милиони евра.

Двата тима се договорени за трансферот, играчот сака да замине од Динамо, па во најскоро време се очекува Гвардиол да стане соиграч на Даниел Олмо, кој пред неколку месеци си замина од хрватскиот првак во тимот кој има големи аспирации во новата сезона.

За Гвардил имаше три службени понуди и играчот едноставно можеше да избира. Францускиот Лил понуди 10 милиони евра, што се покажа како премалку. Лидс од Англија понуди 22 милиони евра, плус Динамо ќе дбие 20 отсто од идниот трансфер, но Модрите не се согласија. На крајот, Лајпциг реши да даде 19 милиони евра и го доби 18-годишниот стопер.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести