Динамо Загреб заработи вкупно 55 милиони на продажбата на Гвардиол

Хрватскиот шампион Динамо Загреб, уште еднаш покажа како се продаваат своите бисери и од трансферите на само еден играч, инкасира 55 милиони евра.

Јошко Гвардиол вчера и официјално стана најскапиот дефанзивец во историјата, откако Манчестер сити и Ред Бул Салцбург го потпишаа 90 милиони вредниот трансфер. Од овој трансфер добро ќе заработи и Динамо Загреб.

Имено, при продажбата на Гвардиол во Ред Бул Салцбург во 2021 година за 36 милиони евра, хрватскиот тим инсистираше на клаузула со која ќе заработи дополтелни 20 отсто од следниот трансфер на дефанзивецот, а тоа се 19 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести