Династија Малдини: после Чезаре и Паоло, за селекцијата на Италија заигра и Даниел!

Кога Даниел Малдини синоќа влезе на терен за да дебитира за националниот А тим на Италија, беше испишана историја.

Семејството Малдини стана првото со тројца репрезентативци од три различни генерации. Дедото Чезаре кој сега е покоен, пред 61 година го одигра својот последен меч во дресот на Аѕурите, а беше и селектор на Италија. Таткото Паоло пред 22 години и 118 дена се прости од играњето за Италија за која имаше 126 настапи, а сега внукот Даниел ја продолжи традицијата на давање репрезентативци од фамилијата Малдини.

Даниел Малдини е роден пред 23 години во Милано, а игра за Монца. Синоќа на стадионот во Удине, учествваше во победата на Италија над Израел од 4-1, а татко му Паоло и мајка му Адријана го гледаа од трибините.

- Оглас -

Најнови вести