Напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, ќе биде отсутен од теренот барем уште 20 дена, соопшти менаџерот на тимот од „Енфилд“, Арне Слот.
Португалскиот играч повреди ребро за време на победата над Челзи на 20 октомври. Се очекуваше дека Жота ќе се врати порано, но процесот на рехабилитација сепак ќе биде подолг.
На прашањето дали Жота ќе се врати пред репрезентативната пауза, која започнува во средината на ноември, Слот одговори:
„Не, тоа ќе биде по паузата“.
Црвените утре гостуваат на Брајтон во англискиот Лига куп, а истиот противник ќе го пречекаат и во сабота, во Премиер лигата.
По девет одиграни кола во Премиер лигата, Ливерпул е второпласиран на табелата со 22 бода, еден помалку од шампионот Манчестер сити и четири повеќе од Арсенал и од Астон Вила.