Директорот на селекцијата на САД се закани: Ќе запамтам кој не сакаше да игра

Кошаркарската репрезентација на САД доживеа вистински дебакл на Мундобаскетот во Кина, од 10 часот ќе игра со Полска за освојување на седмото место, што за Американците е катастрофа, и тоа беше повод за критики од директорот на националниот тим, Џери Коланџело.

Коланџело е човек кој е одговорен да ги повикува играчите, но летово беше одбиен од 20-тина ѕвезди кои бараа различни изговори за да не настапат на СП. Отсуството на најдобрите кошаркари е најголемата причина што САД се посрамоти и остана без медал. Некои како Кајл Лаури и Кајл Кузма се повредија и отсуството им е оправдано, на самото СП се повреди Џејсон Тејтум.

На четвртфиналето со Франција, заврши серијата од 58 официјални победи по ред за САД, а Американците беа надиграни и од Србија. Тимот на САД е единствен со повеќе од пет НБА играчи, па затоа се говори за дебакл.

„Можам само да кажам дека ќе запаметам кој не се појави. Многумина покажаа посветеност, мислев дека ќе имаме респектабилен состав. Разочарувањето е големо што не настапивме комплетни. Очекувањата од овој тим беа поголеми од реалните можности“ – рече Коланџело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести