Директорот на Штутгарт е пресреќен: Конфети ќе ми излезат од устата

Штутгарт дефинитивно го приреди најголемото фудбалско изненадување викендов со големата победа од 5-1 на гости кај Борусија Дортмунд.

Швабите буквално го надиграа составот на Фавр во кој недостастуваше Ерлинг Халанд, па го натераа Бурки дури петпати да ја вади топката од својата мрежа.

По триумфот, во таборот на Штутгарт не ја сокрија радоста, а спортскиот директор Томас Хицлшпергер на оригинален начин истакна колку е среќен.

„Толку сум среќен што конфети ќе ми излезат од устата“ напиша Хицлшпергер на „Твитер“.

- Оглас -

Најнови вести