Историски дебакл на Борусија во Дортмунд, играше и Македонецот

Штутгарт го направи најпријатното изненадување во Бундеслигата, откако на гостувањето во Дортмунд, со убедливи 5:1 ја победи Борусија. Гостите уште во првото полувреме покажаа дека се подготвени да ги освојат трите бода и со голот на Вамангитука од пенал поведоа со 1:0. Младиот Рејна измамни во 39 минута, но тоа беше единствено нешто што направија Милионерите.

Во второто полувреме Штутгарт имаше фуриозни почетни 15 минути и постигнаа три гола. Вамангитука повторно погоди, а мрежата на домаќините ја затресоа и Форстер и Кулибали за високи 4:1. Точна на голеадата стави Гонзалес со погодкот во 92 минута за конечни 5:1 за Штутгарт. Во 89 минута во тимот на Штутгарт во игра влезе и македонскиот младински репрезентативец Дарко Чурлинов.

За Борусија ова е трет пораз по ред на домашен терен во домашното првенство, откако претходно губеа од Баерн (2:3) и Келн (1:2), но не беа посрамотени како денеска од Штутгарт.

Во останатите мечеви одиграни попладнево: Борусија Менхенгладбах – Херта 1:1, Фрајбург – Арменија Билефелд 2:0, Мајнц – Келн 0:1, Лајпциг – Вердер 2:0. Во 18:30 часот ќе играат Унион Берлин – Баерн Минхен.

 

- Оглас -

Најнови вести