Дисциплинската комисија одлучи: Љуботен остана без девет бода за прекинот во Струга

На денешната седница на Дисциплинската комисија при ФФМ донесени се следниве одлуки:

– ЖФК Љуботен се казнува со одземање 9 (девет) бода и парична казна од 750 евра поради напуштање на натпреварот во рамките на 17-тото коло помеѓу екипите на ЖФК АС јунајтед и ЖФК Љуботен;

– Дисциплинската комисија на ФФМ покренува постапка против претседателот на ЖФК Љуботен, Драгољуб Јовановски, поради повикување на фудбалерките на ЖФК Љуботен да го напуштат натпреварот во рамките на 17-тото коло помеѓу екипите на ЖФК АС јунајтед – ЖФК Љуботен;

Актуелниот шампион на Македонија, Љуботен, се повлече во 75-тата минута од мечот против Ас јунајтед во Струга, откако претходно неоправдано му беа поништени два гола. 

- Оглас -

Најнови вести