16.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Дивац добива нов договор од Сакраменто

Сакраменто кингс ги започна преговорите околу продолжување на соработката со генералниот менаџер Владе Дивац. Неговиот договор истекува по крајот на сезоната 2019/20, а од таборот на Кралевите сметаат дека славниот екскошаркар добро ја извршува својата задача и сакаат тој да го продолжи развојот на проектот.

Дивац во 2015 година ја презеде оваа функција, а две години подоцна Сакраменто му понуди нов договор. Кингси под негово раководење постепено бележат прогрес и секоја сезона се поблиску до посакуваната цел, а тоа е пласман во разигрувањата.

За првпат откако поранешниот српски центар ја доби одговорноста да ги „составува коцките“ во Сакраменто, екипата успеа да оствари повеќе од 35 победи, а регуларниот дел го завршија со учинок од 49-43, завршувајќи на деветтото место на Западот.

Дивац пред извесно време влезе во „Куќата на славните“, а веќе е член на светската куќа на славните кошаркари како дел од одбраните 50 играчи во организација и под капата на ФИБА.

- Оглас -

Најнови вести