Дивац е нов член на Куќата на славните во Спрингфилд

Владе Дивац е нов член на Куќата на славните со седиште во Спрингфилд, а официјално ќе биде примен викендов во Минеаполис.

Таму ќе биде одржана свечената промоција и прием на новите членови и тоа за време на фајналфор турнирот на најдобрите четири екипи во НЦАА лигата.

Дивац играше 16 сезони во НБА лигата, а и претходно во Европа остави впечатлив траг со одличните игри и резултати. Во најсилната лига на светот беше член на Лос Анџелес лејкерс, на Шарлот хорнетс и на Сакраменто кингс, чиј генерален директор е во моментов.

Владе е само еден од седумтте кошаркари во историјата на НБА лигата што има постигнато над 13 илјади поени, комбинирани со 9 илјади скокови, 3 илјади асистенции и 1.500 блокади.

Тој веќе е член на светската куќа на славните кошаркари, како дел од одбраните 50 играчи во организација и под капата на ФИБА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести