Мејсон Холгејт од Шефилд јунајтед е единствен играч во Премиер лигата кој добил три црвени картони од сезоната 2021/2022 наваму, а дека е „касап“, покажа и денеска против Брајтон со ѕверски старт над Јапонецот Каору Митома.
Холгејт со крампоните на ѓонот од копачката се заби во коленото на Митома, а судијата за овој „фаул за во затвор“, му покажа само жолт картон. По интервенција на ВАР, одлуката беше преиначена, и Шефилд од таа 13-та минута е со човек помалку на терен.
Mason Holgate, that is absolutely awful.
One of the worst reds I’ve seen this season, if not the worst.#SUFC #Brighton #PremierLeague pic.twitter.com/va6jprjWqf
— Jamie Martin (@ImJamieMartin) February 18, 2024