Во Германија денеска е вистинска фудбалска треска. Додека се чека разврската за титулата во Бундеслигата, во Третата лига во Германија се случи чудо. Екипата на Оснабрик на домашен терен требаше да победи за да ја сочува третата позиција на табелата, која води во баражот за пласман во Цвајте.
Оснабрик играше против вториот тим на Борусија Дортминд и гостите водеа со 1:0 благодарение на погодокот во 48 минута. домашните фанови беа разочарани затоа што нивниот тим без победа, ќе го загубеше третото место на табелата.
Тогаш се случи чудо. Оснабрик израмни во 90+4 минута, а во 90+6 минута домаќините погодија и втор пат за победа од 2:1. Тоа е доволно за Оснабрик да стигне до 70 бодови и да заврши на третото место на табелата, но тоа е доволно за директен пласман во втората лига, затоа што Фрајбург 2 нема прави за влез во Цвајте.
Wahnsinn. Wir haben keine Worte. #vfl1899 pic.twitter.com/b4YC04I76W
— VfL Osnabrück (@VfL_1899) May 27, 2023
По завршување на мечот, навивачите на Оснабрик го преплавија теренот и се радуваа заедно со своите миленици.