Анонимен шпиц од третата германска лига прво скокна во Белгија, па на врвот на Европа со Роберт Левандовски

Дениз Ундав е едно од најголемите изненадувања во Топ-10 лигите во Европа и моментно е најдобар стрелец на Стариот континент заедно со Роберт Левандовски.

Напаѓачот на белгиски Ројал Унион досега постигна 16 гола во Жупилер лигата, а напредокот за 25-годишниот Германец е огромен.

До преклани играше во Третата лига на Германија, за Мепен и потоа се пресели во Белгија.

Лани во првата сезона за Ројал Унион, тогаш во Втората белгиска лига постигна 17 гола, а сега во најквалитетната лига на оваа земја по само 17 кола има 16 погодоци и дури 9 асистенции.

Ројал Унион е сензационален лидер во Жупилер лигата со 37 бода, четири повеќе од Бриж по 17 кола.

Ист број на голови во Топ-10 лигите има и Левандовски, по денешните два погодоци за Баерн во дербито на Бундеслигата против Борусија Дортмунд.

 

 

- Оглас -

Најнови вести