3.8 C
Skopje
понеделник, 23 февруари 2026

Доаѓа крајот на најдолгата шампионска низа во Европа?

После поразот на Лудогорец од Ботев Пловдив вечерва, се чини дека е реално да заврши серијата од 14 титули по ред во бугарската лига за Орлите од Разград.

Лудогорец беше шокиран со 1-2, голот за победа на Ботев падна во 93-та минута и сега актуелниот првак има огромни 10 бодови минус во однос на лидерот на табелата Левски.

Серијата од 14 шампионски титули едноподруго која ја има Лудогорец, е најдолгата во Европа во моментов, никој друг клуб не е толку доминантен. Ситуацијата во моментов укажува на тоа дека најверојатно оваа сезона шампионскиот пехар ќе се пресели во Софија и тоа кај Сините од престолнината на нашиот источен сосед.

Сепак, остануваат уште осум кола до крајот на регуларната сезона, Лудогорец на 5-ти март го пречекува Левски и ќе има прилика да ја намали негативата, а потоа ќе има и плејоф на најдобрите четири екипи во лигата, па не треба уште сега да се отпише првакот иако ситуацијата во моментов не е добра.

- Оглас -

Најнови вести