Доби нокаут со шут во глава од само еден метар (Видео)

Реал Сосиедад поведе против Барселона, но на крајот загуби со 2:1 на „Камп ноу“ и на тој начин продолжи една непријатна традиција за гостите. На последните 25 гостувања кај Барселона, Реал Сосиедад има неверојатни 25 порази! Освен што добија резултатски удар и без бодови си заминаа од „Камп ноу“, посебно болен удар доживеа и Аднан Јанузај.

Еден од креаторите на играта на гостите, пред крајот на првото полувреме тргна во напад покрај аут-линијата, а Жорди Алба, кој беше во дефанзива, дојде до топката и неспретно сакајќи да ја исфрли во аут, го удри Јанузај директно во главата.

Алба веднаш притрча да се извини за ненамерниот удар, но Јанузај нервозно го одби извинувањето. За среќа, фудбалерот на гостите не беше повреден и Јанузај продолжи да игра.

 

- Оглас -

Најнови вести