Овој „кец“ беше сигурен, Реал Сосиедад со 25-ти пораз по ред на „Камп ноу“

Барселона за првпат сезонава успеа да добие натпревар од шпанската лига на кој била во негатива. Каталонците со 2-1 го победија Реал Сосиедад, со голови на Алба и Де Јонг, па Реал Сосиедад во последните 25 години има 25 гостувања (23 во лигата и два во купот) и исто толку порази по ред на „Камп ноу“. Интересно е што и претходниот пат кога Барса победи со пресврт, гол даде Холанѓанецот Де Јонг.

Во финишот, Тер Штеген со чудесни одбрани ја спасуваше Барселона, откако претходно и напаѓачите на Барса не успеаја да дадат гол од околу 100 проценти шанси.

- Оглас -

Најнови вести