Добија корпа, ама не се откажуваат – Камбур и Де Графшап прават пресврт за Прва Лига

Камбур и Де Графшап не се откажуваат од битката да ја исправат неправдата со одлуката на холандската фудбалска федерација. КНВБ, да ја прогласи сезоната за завршена и да нема промоција во елитниот ранг на натппревари.

На ваквата одлука на КНВБ имаше остри реакции, но тие не попуштија, па засега останува на сила решението Камбур и Де Графшап да не бидат членови на популарната Ередивизија во следната сезона.

Но, сега работите се менуваат и по „корпата“ од КНВБ, двете првоплаирани екипи во Ерстедивизија имаат поддршка и од прволигашите за да се испарви неправдата.

Во таков случај ако холандската федерација сепак попушти под притисокот Првата лига би имала 20 клубови во сезоната 2020/21.

Камбур и Де Графшап беа драстично оштетени со чудната одлука на КНВБ предвреме да се заврши сезоната, со дополнување дека ќе нема шампион и никој нема да испадне, но и да влезе во Првата Лига.

Камбур до прекинот на шампионатот беше лидер во Ерстедивизија со 66 бода, 11 повеќе од третопласираниот тим на табелата и беше „печен“ прволигаш на 9 рунди до крајот.

И Де Графшап како втор на табелата имаше убава предност од 7 бода пред Волендам, па и тие очекуваа прволигашка промоција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести