Добитниот Полноќен експрес тргна за 2022 година, и тоа со квота од 43.65

Само четири дена беа доволни за да го имаме првиот добитен Полноќен експрес за 2022 година. Петте понудени од НБА и НХЛ-лигите во САД се погодени и носат одличен вкупен коефициент од 43.65.

Лос Анџелес лејкерс го доби дербито на Калифорнија против Сакраменто со 122:114 за погоден „кец“, и тоа со хендикеп од 6,5 поени. Интересно е што Лејкерс со четири слободни фрлања во последните моменти од мечот, стигнаа до триумф со посакуваната разлика.

Феникс на гости го победи Њу Орлеанс со 123:110 во меч на кој требаше да има „двојка“ и над 218,5 поени. Мајсторски е погодено и изненадувањето на вечерта, односно победата на Мемфис на теренот на Кливленд. Домаќините беа во улога на фаворити, но Гризлите го искористија неиграњето на Рики Рубио и на крајот победија со 110:106.

Најсиромашен со поени ноќеска во НБА-лигата беше дуелот Њујорк – Индијана (104:94), а таков беше и советот, да се одигра на „минус“ поени. Границата беше ставена на 208,5 поени, а вкупно имаше 198 поени за лесно погоден дуел.

Освен мајсторски погодените четири НБА-дуели, одлично беше проценет и дуелот од НХЛ-лигата меѓу Колумбус блу џакетс и Тамба беј лајтнинг. Предлогот беше да се одигра на над 5,5 голови, а на крајот средбата заврши со 7:2 за гостите, што беше и најефикасен меч во НХЛ-лигата ноќеска.

Вечерва очекувајте нова тура на Полноќен експрес, а, секако, тука се и утринските Типстерки совети, кои исто така може да ви донесат добра заработувачка.

 

- Оглас -

Најнови вести