Добра вест: Марко Митев е подготвен за Австрија (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија по првата победа на Светското првенство против Гвинеја го архивираше првиот сегмент од Мундијалот и сега комплетно е фокусирана на тоа што претстои. Веќе утре (15.30 часот) македонските ракометарки ги очекува нова битка против квалитетната селекција на Австрија.

Добра вест е дека средниот бек Марко Митев треба да биде подготвен за настап на утрешниот дуел, откако не беше на списокот на селекторот Кире Лазаров на мечот со Гвинеја.

„Силен е Марко, познавајќи го, ќе ‘стегне заби’ и ќе игра“, изјави селекторот Лазаров веднаш по мечот со Гвинеја.

Имаше право селекторот. Силно момче е Марко, а и не може да ги остави своите соиграчи на овие важни натпревари од втората фаза.

На денешниот тренинг Митев позираше заедно со Филип Кузмановски, кој имаше импресивни настапи во првата фаза од Светското првенство.

- Оглас -

Најнови вести