Добра вест за Барселона пред новото Ел Калсико против Реал Мадрид

Барселона пред неколку дена го победи Реал во Мадрид со 1:0 во меч од Купот на Шпанија, но тоа беше само првиот од трите Ел Класика кои ќе се играат само во еден месец. Втората битка е закажана за 19 март, но овојпат на „Камп ноу“, во рамките од Примера дивисион, а третата повторно ќе биде на теренот на Барселона, а тоа е возвратниот дуел од полуфиналето на Купот.

Каталонскиот гигант вчера со 1:0 ја победи Валенсија и сега има девет бода повеќе од Реал Мадрид, кој ремизира кај Бетис. Во победата над Валенсија, Барселона остана без Роналд Араухо, кој доби црвен картон во второто полувреме. Араухо е еден од столбовите во одбраната на Барселона, па за Каталонците постоеше опасност тој да не игра на Ел Класико.

Сепак, дисциплинската комисија утврди дека црвениот картон на Араухо е за суспензија од стандардниот еден натпревар, што значи дека тој нема да игра на гостувањето против Атлетик Билбао, но затоа ќе биде подготвен за Ел Класико против Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести