Добри вести: Блинд ги надмина проблемите со срцето, повторно ќе игра за Ајакс

Дефанзивецот на холандскиот првак Ајакс, Дејли Блинд, утре ќе биде во комбинација за настап за првпат откако му беше дијагностицирано воспаление на срцевиот мускул. Блинд речиси два месеци е вон натпреварувачки погон бидејќи мораше да ги реши овие проблеми, секако доби забрана од лекарите да игра.

Симптомите му се појавија за време на дуелот против Валенсија во групната фаза од Лигата на шампионите, а во претходните неколку недели му беа извршени бројни тестирања. Холанѓанецот доби зелено светло за настап, па така тренерот Ерик Тен Хаг ќе смета на него за утрешното гостување на Копјаниците кај Утрехт во рамки од 22-то коло во Ередивизие.

Во овој дел од сезоната Ајакс стои на врвот на табелата во холандскиот шампионат со 50 бода, три повеќе од АЗ Алкмар, односно има убедлива предност во однос на ривалите Феенорд и ПСВ Ајндховен со 10, односно 14 бода.

- Оглас -

Најнови вести