13.8 C
Skopje
четврток, 6 ноември 2025

Добри вести за Барселона

Тројца лекари од медицинскиот комитет на шпанската Ла Лига утврдиле дека повредата на голманот Марк-Андре тер Штеген ги исполнува долгорочните критериуми утврдени со важечките прописи, па Барселона уште утре ќе продолжи со формализирање на регистрацијата на Жоан Гарсија.

Германецот ќе отсуствува најмалку четири месеци и тоа им дава право на Каталонците да регистрираат друг голман, во случајов новодојдениот Гарсија, кого го донесоа од Еспањол.

Барса го реши тој проблем, а сега треба да најде начини како да ги регистрира Маркус Рашфорд, Војќех Шченсни и Жерард Мартин.

- Оглас -

Најнови вести